Изгор температури во септември – во понеделник и до 39 степени, лекарите со апел

Изгор температури на почетокот од септември, до понеделник најавени дури 39 степени. Иако календарски летото е при крај, сепак жештините не попуштаат, температурите ќе растат од ден на ден. Утре ќе достигнат до 35 степени, во петок и сабота до 36, а во недела до 37 степени. Најтопло ќе биде во понеделник, кога се очекуваат дури 39 степени.

,,До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала доумерена локална облачност, во четврток и петок, т.е утре и во петок ќе дува засилен до силен ветер претежно од северен правец, тоа значи дека за септември температурите ќе бидат високи во четврток ќе се движат од 26 до 35 максимални степени, во петок од 28 до 36 степени, сабота од 29 до 36 степени, во недела до 37, а во понеделник до 39 степени“, рече Поповски

Иако деновиве не очекуваат високи температури, сепак времето нема да биде целосно стабилно. Во попладневните часови осовено денес и утре на места се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер, ама тоа нема да влијае на температурите.

Денес и утре претпладне ќе биде сончево и многу топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност, проследена со засилен ветер, пороен дожд, грмежи. Oва е краткорочна прогноза, меѓутоа како што гледаме во моментот во наредните 5 дена ќе биде топло. Споредбено со минатите години, температурите сега се за неколку степени се повисоки од вообичаеното.“, додава Поповски

Согласно ситуацијата, лекарите апелираат хронично болните и повозрасните да внимаваат на високите температури и да избегнуваат директно изложување на сонце во најтоплиот дел од денот. Препорачуваат да се пие повеќе вода и течности, а наместо алкохол и засладени пијалаци, да се избира вода, природни сокови и лесна храна, се со цел да не дојде до несакани последици.

Иван Митев, М-Нет