Изгаснат пожарот над штипската населба Кадидере, нема штети, ниту пак повредени

Изгаснат е пожарот над градот Штип, кој вчера избувна во близина на викенд населбата Плуждино и Новакова Чешма. По повеќечасовна борба со огнената стихија, пожарникарите успеаја целосно да го ликвидираат огнот. Во интервенцијата беа вклучени припадници на Територијалната противпожарна единица Штип, Доброволното противпожарно друштво и други надлежни служби. Во пожарот нема повредени лица. Штипскиот градоначалник Иван Јорданов синоќа се заблагодари на пожарникарите, доброволците, месното население и на вработените во штипските Јавни претпријатија, кои учествуваа во локализирањето на пожарот.

,,Веднаш екипите на ТППЕ, заедно со членовите на доброволното друштво излегоа на терен со целовкупната логистика, ресурси, механизација на јавните претпријатија, за да го локализираат овој пожар. Сакам да апелирам до граѓаните на Општина Штип дека нема простор за паника, затоа што мобилизирани сме максимално.“, рече Јорданов

Во гаснењето на огнената стихија учествуваа и 12 доброволци пожарникари од Доброволното Противпожарно друштво (ДПД)-Штип, кои по повикот веднаш за 10 минути се мобилизирале со свои теренски возила, а кои помогнаа поради непристапниот терен,

,,Беше страшно, имаше стварно стихии огнени. Примивме повик од ТППЕ Штип за 10 минути ние бевме во противпожарната станица, се групиравме, се организиравме и веќе бевме на терен. На терен сме со четири наши возила и 12 луге. Гореше сува трева, грмушки, нискостеблести растенија.

Пожарот се претпоставува дека е предизвикан од удар од гром на еден од ридовите над викинд населбите Плуждино и Новакова Чешма, по што поради ветерот брзо се проширил на ридовите. Изгорена е сува трева и грумашки, нема штетат на нечиј имот, ниту пак повредени.

Иван Митев, М-Нет