
„Избери мудро, делувај храбро“ – студентите, средношколците и вработените денеска го избраа новиот слоган на УГД. Процесот на избор беше во рамките на проектот „Изработка на веб стратегија и редизајн на порталот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип“. Во анонимното гласање, во кое еден учесник во анкетата можеше да гласа само еднаш, учествуваа 1321 лице, поделени во три групи – вработени, студенти и средношколци. Според рекоторот Дејан Мираковски ова е со цел да се унапреди работењето на универзитетот во сите аспекти.
„Од денеска имаме нов слоган во избор на студентите, вработените средношколците „Избери мудро, делувај храбро“. Универизтетот постојано се труди да ја унапреди можноста за комуникација, да го унапреди работењето на сите аспекти од високото образование и науката и образовните програми и условите за работа и на вработените и на студентите и со гордост го носи името на најголемиот македонски револуционер“ – кажа Мираковски.
Ова е првпат во изборот да учествуваат сите, студентите, вработените но и средношколците. До сега Универзитетот Гоце Делчев го имаша слоганот „Препознај ја својата иднина“.
Лаура Стојанова М-Нет