
Младиот фудбалер Иван Николов од денес е нов фудбалер на скопски Вардар. По успешните настапи за екипата на Академија Пандев од Струмица, Иван Николов потпиша аматерски договор со Вардар на 6 месеци со клаузула на една година со можност и за излез во некоја странска екипа.




Иван Николов е „дете“ на штипска Брегалница, беше капитен на фудбалската селекција на Македонија У – 19 под водство на селекторите Марио Вујовиќ и Шкумбин Арслани и сега ќе биде вториот штипјанец во редовите на скопски Вардар. Заедно со него од оваа сезона член на ФК Вардар е и искусниот доскорешен штопер на Брегалница кој знае честопати и да постигне решавачки голови – Дарко Стојанов. По две одиграни второлигашки кола Вардар во Дебар одигра 0:0 со Кораб а во Кратово загуби од Силекс со резултат 2:1. Во сабота во третото првенствено коло Вардар во Скопје ќе се сретне со екипата Воска Спорт од Охрид.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk