Злоупотребени слики на жена од Штип, објавени без нејзина согласност

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.К.(38) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. На 27.01.2026, пријавениот, без знаење и согласност од женско лице од Штип, ги преземал од интернет апликација и ги искористил нејзините лични податоци со фотографија, кои ги објавил на друга интернет страна, која тој ја администрирал.