Зимната облека повторно назад, април ист како декември, огревот на дрва продолжува

Зимната облека повторно назад од плахарите, април ист како декември. Иако делумно граѓаните се подготвија за топли и сончеви пролетни дни, од вчера зимните јакни повторно решение за студениот бран. Ова секако влијае врз здравјето, но и врз дрвата, кои штотоку беа разеленети и расцутани. Од вчера граѓаните ги вклучија и килимите и продолжија огревот на дрва.

Дрва некој се уште има, некој при крај, но децидни дека мора огрев, бидејќи на студ не се живее. Оние со климите и термо печките, без гајле и безбедни.

Инаку, ваквиот студен бран е предвиден да трае до крајот на седмицата, а во истата е предвидено да има температури под нулата, кои ќе создадат повисоки сметки за струја овој месец, особено за оние кои што се греат на електрични уреди.

Иван Митев, М-Нет