
Земјени бардачиња, дури од радовишко Габреш денес се продаваа на штипскиот пазар. На ден пред задушница, г-ѓа Ратка Манасиева традиционално доаѓа во Штип и ги продава изработките, кои денес ретко се наоѓаат. Бардачињата, како симбол на народната традиција и обичаите поврзани со празниците, и оваа година привлекуваат внимание на штипскиот пазар. Ратка и нејзиното семејство, иако со години ја негуваат оваа традиција, секоја година се среќни да видат како производите од нивните раце го одржуваат духот на празниците, но и ги задоволуваат потребите на локалното население. И покрај модернизацијата и брзиот развој на технологијата, рачно изработените бардачиња и стомни продолжуваат да бидат барани, особено за традиционалните моменти како Задушница. Многумина ги користат и во секојдневниот живот, а во летните месеци тие стануваат омилени за чување студена вода, исто како некогаш.
Манасиева, останува задоволна и оваа година од побарувачката, за М-нет телевизија рече дека штипјани купуваат, а за цената не прашуваат.
Инаку, покрај поголеми бардачиња, Манасиева продава и мали за да како што вели се радуваат најмалите, бидејќи истите истовремно вадат звук, па неретко се нарекуваат и свирчиња. Се продаваа и земјени кандилца и свеќник за сите верници.
Иван Митев, М-Нет