За 15,5 милиони денари е продаден култниот хотел „Гарни“ во Штип

Продаден е хотелот „Гарни“ во Штип. Општината во вториот обид да го продаде овој хотел усепа да обезбеди 15,5 милиони денари. Хотелот е купен од страна на фирмата „Памвеј инвест“ од Штип.

Хотелот „Гарни“ беше ставен двапати на продажба, а како културно наследство прво и се понуди на државата.

Новиот сопственик на хотелот е должен да го задржи самиот изглед на хотелот, како и неговата намена.

Тој се наоѓа во централното градско подрачје во Штип, и од страна на државата е заштитен како прва категорија споменик на културата.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет