
За само една недела148 јавувања биле регистрирани на новиот кол центар во ЈП Исар. На телефонскиот број 032/609-555, што функционира од минатата Среда како контакт (телефонски) центар на ЈП Исар, наменет за поддршка на граѓаните и правните лица во периодот од една недела, односно од 29.01 кога се пушти во употреба до 05 Февруари регистрирани се вкупно 148 јавувања.
„Најмногу јаувања во рок од една недела, граѓаните пријавувале истекување и запушување на фекална канализација, додека Правните лица најмногу го барат секторот Финансии. Инаку, кол-центарот работи 24 часа на ден 7 дена во неделата и граѓаните можат да се обратат за секој проблем или да добијат информаци од секоја Работна единица и сектор кој е дел од ЈП Исар.“ – стои во соопштението од претпријатието.
Кол ценатрот во ЈП Исар беше отворен со цел граѓаните постојано да имаат можност да пријавуваат проблеми, дефекти, да пријават за собирање на кабаст отпад или слично. Екипи на ЈП Исар по добиениот повик излегуваат на терен и се во служба на граѓаните. Истовремено, може да се прифатат и повеќе повици истовремено и секој граѓанин да биде услужен.
Лаура Стојанова М-Нет