
За нови 24 вработувања во ЈП Исар наредната година, советниците во Советот на Општина Штип дадоа зелено светло. Најголем дел од вработените ќе бидат на позиција оперативни техничари односно луѓе директно вклучени во работните активности на претпријатието, вели директорот Кирил Зајков. Во меѓувреме 11 врбаотени догодина ќе заминат во пензија.
„Годишнииот план за вработување на ЈП Исар за наредната 2024 година предвидува осум работни места за унапредување и 16 нови работни места, од овие 16 нови работни места најголем дел се оперативни техничари и луѓе директно вклучени во процесот на работни активности на самото претпријатие. Истиот план предвидува дека во тековната 2024 година 11 луѓе ќе заминат во пензија“ – вели Зајков.
Ова наиде на лавина коментари од советниците од опозицијата, за кои нејасно е како се бараат нови вработувања кога пред само неколку месеци од ЈП Исар исткнаа дека вработувања нема да има за да може претпријатието финансиски да се опорави.
„Пред само три четири месеци ние донесовмео одлука за замрзнување на вработување како дел од мерките за спас на препријатието. И сега имаме план за нови вработувања. Ајде што се позициите за теренски вработувања, јас сум многу против позиции кои се насловуваат како помошен директор и слично“ – вели Михајловски.
„Како резултат на мерки кои треба да дадат финасиски спас на претпријатието дека на врабоптените ќе им се понуди технолошки вишокза дасенамали бројот на вработени. Дали има лица кои заминаа во технолошки вишок и можели да се распише оглас за вработување?“ – додаде Стојчевски.
На ова директорот посочи дека три лица се технолошки вишок и на нивно место Законски не е дозволено да се примаат нови вработени. За останатите станува збор за вработувања односно теренски работници кои се потребни во ЈП Исар.
Лаура Стојанова М-Нет