За над 17.000 започна учебната година, СОУ „Коле Нехтенин“ Штип премина во државно училиште

Училишното ѕвонче го означи почетокот на новата учебна 2025/26 година. 245 илјади ученици ја започнуваат учебната година, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Запишани се над 17 илјади првачиња кои за првпат ќе седнат во училишните клупи. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, посочи дека овој број треба да се зголеми оти се уште тече процесот на запишување ученици во прво одделение. Разликата во запишани ученици е минимална вели Јаневска.

„Но, какошто веќе разговаравме очекуваме во следните години да биде поголема и да имаме поголемо намалување, што би било проблем. Оттука и политиката на Владата за подобрување на демографската состојба во државата, па какошто можевте да видите еве денес за во прво одделение, а во следните неколку дена и за второ и трето одделение сликовница за значењето на семејството, изјави Јаневска.

Прашана за кога ќе завршат реформите во образованието, за да нема училишта со пет до шест деца, Јаневска со одговор дека оваа реформа сериозно ќе ја почнат следната година.

Во Штип учебната година ја започнаа 363 првачиња во петте основни училишта со можност оваа бројка да биде зголемена. Од денеска пак, СОУ „Коле Нехтенин“ Штип преминува во државно средно училиште Регионален центар за стурчно образование и обука.

„Станува збор за една голема инвестиција која ќе придонесе во квалитетно образование, посебно станува збор за стручно образование. На Истокот му се потребни стручни кадри, ние имаме ТИР зона која допрва се развива и очекуваме дека најголем број на нашите ученици ќе најдат свое соодветно вработување.“ – вели Шалева.

Наставата ќе трае до 10 јуни.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет