
За месец дена треба веќе да биде избран нов оператор кој ќе се занимава со водење ред за популацијата на бездомните кучиња во Штип. По големиот број реакции од страна на граѓаните, но и сликите на терен кои покажуваат дека глутница кучиња постојано се шетаат по улиците во централното градско подрачје во Штип, но и во приградските населби, првиот човек на градот под Исарот во неколку наврати истакна дека се работи на решавање на овој проблем. Во Штип стационарот не работи подолго време, а исто така нема оператор кои би се занимавал со заловување и хумано третирање на бездомните кучиња. Во декември минатата година Јорданов кажа дека се очекува општината да распише тендер за нов оператор, но до денеска нема ништо. Во телефонски разговор за М-Нет телевизија тој исткана дека правилникот е променет, истиот треба да помине на седница на Советот на Општина Штип и во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство да се распише тендер. Согласно ваквите промени, временскиот период за избор на нов оператор е продолжен, но од општината исткнаа дека во рок од 30 дена истиот ќе биде избран и бездомните кучиња хумано ќе се третираат.
„Согласно донесувањето на новиот правилник кој се донесе 2021 година и со кој се измени претходниот правилник од 2019 година по кој беше претходната програма за кучињата, со новиот правилник и со тоа што Општина Штип веќе не поседува прифатилиште моравме да донесеме нова програма на Советот на Општина Штип за контрола на популацијата за бездомни кучиња. Програмата е донесена на Совет и е доставена до АХВ за усвојување. Вчера добивме известување дека програмата е усвоена и истата согласно насоките од Агенцијата ќе биде доставена до одделението за Јавни набавки за распишување на тендерска постапка“ – кажа Ѓоргиевски.
Проблемот со кучињата скитници во Штип се провлекува со години. Овие животни оставени сами на себе преставуваат и опасност за граѓаните, а честопати се наоѓаат и пријави во билтеност на СВР Штип дека некој граѓанин е каснат од куче скитиник. Решавање на овој проблем се предвидуваше не само на територија на Штип, туку и на регионално ниво.
Лаура Стојанова М-Нет