За високи сметки за чистење оџаци, предизвикани штети најчесто се жалат станарите во Штип

Законот за домување ги регулира односите кога се работи за одржувањето на заедничките простори, но кога станарите имаат меѓусебен проблем во самите станови, проблемите ги решава судот. Во делот на редовното одржување на заедничките простори обврска е да се ангажира фирма лиценцирана за оваа дејност. Во Штип во најголем дел законот се почитува, но за прецизирање на состојбата се прави регистар на станбени згради и станови.

Станарите во 220 станбени згради во Штип имаат склучено договор за одржување со една од трите лиценцирани компании за вршење на оваа дејност. Станарите во згради до осум станови одржувањето го вршат сами со регистрирање на заедница на станари

Инспекторите за домување ја контролираат работата на фирмите за одржување, а постапуваат и по пријава на станарите. Станарите најчесто се жалат на високи сметки и предизвикани штети, а фирмите на нередовно плаќање.

Во Законот за домување неколку пати се вршени измени и дополнувања, за биде функционален и конечно запуштените, темни и нечисти ходници да бидат минато, а станарите повеќе да се грижат за заедничките простори.

Лаура Стојанова М-Нет