
Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Тиквеш која промовираше неколку засилувања, се раздели со тројца играчи.
Во следната сезона дресот на Тиквеш нема да го носат напаѓачот Зоран Даноски, Летонецот Артјомс Пузиревскис и дефанзивецот Даниел Карчески, но од прволигашот од Кавадарци кој се подготвува за европските предизвици си замина и Бразилецот Луан Силва и голманот од Словенија, Ариан Ренер.
Во новата сезона во Тиквеш ќе настапуваат Михаил Маневски и Ѓорѓи Ѓорѓиев од Брегалница, како и Давид Манасиевски од Силекс.
Вангел Згуро повеќе не е член на шампионот Струга Трим Лум, откако истече неговиот едогодишен договор, а соработката не е продолжена, а Струга му се заблагодари на интернационалецот од Албанија за досегашната соработка.
23-годишниот Александер Трумчи е првото летно засилување во таборот на Шкендија. Дефанзивецот од Албанија во Тетово доаѓа од редовите на Билис Бјалш. Претходно играл за Скадар и за тимот на Велечику.
Шкендија се раздели со Башкими Велија, а нема да бидат продолжени договорите со Бруно Дита и Ералдо Чинари.
Шкендија заврши на второто место во Првата лига и ќе игра во квалификациите во Лигата на Конференции.
Александар Ванев, М-Нет