Започна со работа Аква ресортот во Штип

Денеска започна со работа Аква ресортот во Штип, со што на граѓаните им се нуди можност да уживаат како во водените површини, така и во спортски терени, адреналински спортови , стрелиште и слично.

„Аква Бела ресорт се протега на 22илјади метри квадратни комплетно. Освен водени активности покрива и други активности како спортски активности како што се тениски терени, кошарка терени, одбојка терени тревни површини итн. Нудиме и активности од типот на адреналински спортови, имаме информативни летови со инструктор, имаме и стрелиште кое нуди стрелање во движни и подвижни метри и слично“ – истакна Менаџерот Александар Христов.

Уживањето е планирано за сите возрасни групи, и сите категории на граѓани, со организирање на настани и пакет цени достапни за граѓаните.

Со активности од 6 часот наутро, па можност за кафе до полноќ, штипјани во целост ќе можат да го искористат своето време овде, вклуќувајќи и спортски настани.

На отворањето на Аква ресортот во Штип присуствуваше и Градоначалникот на Штип, Сашко Николов како и повеќе претставници од општината.

Ресортот ќе работи 365 дена, а водените активности ќе функционираат толку колку што ќе дозволат временски прилики. Овој ресорс од ваков тип со можност за забава спорт и рекреација е единствен во Источниот дел од државата.

Лаура Стојанова М-Нет