
На свадба повеќе од 100 години, организирање на концерти и прослави до илјада гости на отворените места во угостителските објекти , можност за излегување без ограничување на движењето. Стапија на сила новите олабавени ковид мерки. Со намалувањето на бројот на новоинфицирани пациенти од ковид 19, сведувањето на минимум на бројот на починати лица, како и намалениот притисок врз болниците. Министерот за здравство Венко Филипче посочи дека пандемијата се држи под контрола, а со тоа се олабавија и кови мерките. Засега задолжително е носење маска но во затворен простор, одржување дистанца и користење на средства за дезинфекција. Меѓутоа, угостителите немаат ограничено работно време, на маса по 6 гости, Дозволено е организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси со максимум 50% исполнетост на капацитетот на отворениот дел, наместо максималните 100 гости како што беше до сега;
Донесен е заклучок да престане да важи обврската угостителскиот објект во кој има прослава да ја регистрира и пријави прославата во угостителската комора која води регистар на свадби, прослави и останати веселби.
Лаура Стојанова М-Нет