
Синоќа започна 24. издание од Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во штипска Чардаклија, со интонирање на химната на Република Македонија, збогатено со одлична кореографија.
Турнирот синоќа беше отворен со два натпревари, а од вечерва ќе се играат по три натпревари секоја вечер до комплетирање на групната фаза, односно до 27. јули.
На овогодинешното издание учество ќе земат 20 екипи, кои ќе бидат поделени во четири групи по пет екипи.
Првопласираната екипа на овогодишеното издание ќе освои 130.000 денари, второпласираниот тим ќе освои 70.000 денари, за третото место е предвидена парична награда од 40.000 денари, а за четвртото место е предвидена награда од 10.000 денари. Дополнително ќе има награди за најдобар играч и најдобар голман.
Големото финале од турнирот традиционално се игра на 2. август, а истото е закажано за во 21:30 часот.
Александар Ванев, М-Нет