Започна културната манифестација ,,Очи на Шопов”, Штип пет дена ќе пулсира во ритамот на младешката креативност

Започна културната манифестација ,,Очи на Шопов”, Штип пет дена ќе пулсира во ритамот на младешката креативност. Учениците од штипската гимназијата „Славчо Стојменски“ ја претворија својата визија во реалност – петдневен културен настан, кој ќе нуди музика, поезија и уметност, создадени од млади луѓе со силна потреба да се изразат. Во време кога младите често се перцепираат како незаинтересирани, оваа иницијатива е доказ дека кога им се дава шанса, тие не само што ја прифаќаат – туку ја претвораат во културен настан од значење за целата заедница.

,,Денес имаме чест да ја отвориме манифестацијата што ја организираат нашите ученици од гимназијата Славчо Стојменски. Со сиот нивен жар и ентузијазам, желба и потреба за култура, тие осмислија еден голем проект, кој што ке трае пет дена и градот ќе пулсира во ритамот на музиката, на поезијата, на фолклорот, на сите оние културни импулси, кои ќе дадат еден посебен ритам на шиот град. Младите имаат потреба за култура, младите имаат потреба да се искажат и изразат и затоа ние им ја даваме целата поддршка, да прават добри дела и да ги следат идеите на Шопов.“ ,рече Ристова

Манифестацијата е осмислена со различни натпреварувачки делови, рече Ристова. Таа истакна дека истите натпревари се во областите на поезијата, ораторството и сл.

Во време на предизвици и брзи промени, младите од „Славчо Стојменски“ потсетуваат дека културата не е луксуз – таа е потреба. А кога младите зборуваат преку уметност, цел еден град слуша.

Иван Митев, М-Нет