
Започнаа активностите за асфалтирање на повеќе локации во централното градско подрачје во Штип. Денес фокусот беше на улицата Трст, каде се асфалтираат и пристапните улици до две станбени згради, но и на конзолата на реката Отња во близина на трговскиот центар.
Истовремено, се работи и на уредување на паркинг просторот на фудбалскиот терен Бело Брдо. Проектот, кој е од големо значење за локалната заедница, ќе обезбеди подобра пристапност и безбедност за сите учесници во сообраќајот.
,,Се работи на неколку позиции во централното градско подрачје, конкретно се наогаме на ул. Трст. Овде се асфалтираат пристапни улици до две станбени згради. Паралелно на ова денес ќе се асфалтира конзолата на река отиња на потегот пред трговскиот центар. Истовремено се работи на асфалтирање на паркинг површина на Бело брдо на фудбалскиот терен, каде младинците на Брегалници тренираат. Ја уредуваме целата површина, целото плато за паркирање и пристапниот пат со спортскиот центар Бело брдо. Неколку позиции се опфатени со денешните активности. Средствата се одвоени од буџетото на општината 1, 5 милиони денари се финансиските средства.“, рече Јорданов
Јорданов најави активности за асфалтирање и во останатите денови секој ден, како во најдалечните, така и во централните делови на градот.
Со оваа засилена динамика, Јорданов се надева дека најголем процент од улиците кои што се дотраени, да бидат обновени и рехабилитирани, кои што се дел од програмата за уредување на градежно земјиште.
Иван Митев, М-Нет