Започнаа активностите за асфалтирање на улицата 4 Јули во нас. Автокомоанда во Штип

Започнаа активностите за асфалтирање на улицата 4 Јули во нас. Автокомоанда во Штип. Овде во изминатиот период истата се реконструираше подземно со промена на водовод и канализација, преку ЈП Исар, а сега се уредува надземно. Градоначалникот Иван Јорданов, истакна дека околу 2 милиони денари е вложено само за подземната и нешто помалку од три милиони денари за надземната инфраструктура. Вели дека со ваквиот проект се решава проблем кој што во минатото предизвикуваше дефекти на самата улица.

“Се наоѓаме во нас. Автокоманда на ул. 4-Јули. Овде е улицата која што во изминатите месеци беше реконструирана со промена на подземната инфраструктура на промена на водовод и канализација, преку ЈП Исар. Околу 2 милиони денари се вложија во подзема ифраструктура во промена на фекална канализација и во промена на водоводна мрежа, која што беше застарена со често дефекти на самта водоводна мрежа и како потреба и барање на жителите јавното претпријатие претходно работеше на целосна реконструкција на оваа подземна инфраструктура. Денес овде се асфлтира, се очекува во текот на денот да завршат предвидените активности за нанесување на асфалтниот слој за кој што се обезбедени нешто помалку од три милиони денари.“, вели Јорданов

Со работа се продолжува и понатаму, вели Јорданов, па со големиот дел проекти кои што се предвидени од новиот буџет и во новата програма за уредување ќе се реконструираат низа улици.

“Временските прилики денеска ни дозволуваат да се влезе со оваа градежна активност со нанесување на асфалтна маса. Периодов кој што ќе следи и тоа какви активности локалната самоупрва ќе превзема во голема мера зависат од временските прилики од тоа дали дозволува температурите и можноста за асфалтирање и работење. Голем дел проекти кои што се предвидени во новиот буџет и во новата програма за уредување на градежно земјиште ќе значат реконструкција и рехабилитација на низа на улици кои што се предвидени и ставени во програмата. Продолжуваме со работа и понатаму.“, додава Јорданов

Со ваквата реконструкција на улицата, сега жителите од овде ќе имаа соодветни услови за живот, така што од сега покрај што нема да имаат проблем со водоводната мрежа, тие ќе имаат и уредна улица.

Лаура Стојанова, М-Нет