Заокружена уште една успешна година за М-Нет телевизија

Ако 2020 година за нас значеше година на пчеток, 2021 година дефинитивно може да се каже дека беше период на редење успеси. Екипата на М-Нет телевизија неуморно покажа дека ако се сака, може да се постигнат вистински резултати. Неуморно и вредно своите срца оставени на терен. Поблиску до народот, до обичниот човек, во чекор со брзината и времето секогаш се објавуваа вистинити и точни информации. Во најголем број случаи приоритет беа недостатоците и проблемите на граѓаните кои треба да бидат решени. 2021 година за нас, за М-Нет ќе значи искачено скалило погоре кон врвот, постигнати резултати, научени многу нови лекции. Нема да биде заборавена, бидејќи моментите поминати заедно ќе се паметат долго, долго. Во разновидниот репертоар, содржински во програмата на М-Нет телевизија беа опфатени прилози од најразличен карактер. Политика, секојденевни случувања, реални и потресни приказни, култура, спорт. Во 2021 година М-Нет го доби и првото признание, што значи за една година работата добро е завршена. За една година се направени и постирани на социјаните мрежи 4380 содражајни прилози. Во продолжение најгледаните пет.

2021 година останува зад нас и истата ќе се памети по добро. За наредната 2022 година очекувањата се повисоки, поставените цели исто така. Во оваа прилика екипата на М-Нет телевизија ви поскаува среќни новогодишни и божиќни празници на сите граѓани.

Лаура Стојанова М-Нет