Завршува целосната реконструкција на улицата Широк Дол во Штип, потрошени 12 милиони денари

Поставен е вториот асфалтен слој на улицата Широк дол во населба Автокоманда, а со тоа завршува и целосната реконструкцијата на самата улица. Предходниот период на оваа улица се рабоеше на промена на поднезмната инфраструктура, но и партерно уредување на влезовте пред станбените згради. Градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов посочи дека за целосна реконструкција издвоени и потрошени се околу 12 милиони денари, дел од нив е од Општина Штип околу 6 милиони денари, а останатите средства се одобрени од Светска Банка за која општината претходно аплицираше преку министерството за транспорт и врски.

„Денес се одвиваат активности во последната фаза од целокуната реконструкција на оваа улица се поставува вториот асфалтен слој и со тоа практично се зарврши реконструкцијата на оваа планирана улица во населбата Автокоманда. Морам да истакнам дека освен ова улица за која што беа потрошени повеќе од 12 милиони денари за промена на подземна инфраструктура, за уредување на тортоарските површини, асфалтирање и слично.“ – изјава Јорданов

Јорданов истакна дека во населбата Автокоманда по уредувањето на улкицата Широк Дол ќе останат уште две нереконструирани, тоа се улиците Цвета Јованова и улицата 4- ти Јули. Плановите на општината и градоначалникот Јорданов во следниот период се насочени со реконструкција и уредување и на двете улици во населбата, а со тој проект сите улици во населбата Автокоманда ќе бидат целосно уредени со промена на подземна инфраструктура, уредување на тортоарските површини и поставување на асфалтна маса.

„Ова улица која што денес се завршува е со средства одобрени од Светска Банка за која општината претходно аплицираше преку министерството за транспорт и врски, а подземната инфраструктира вклучувајќи го водоводот и канализацијата како и уредувањето на пристапите до влезовите беше инвестиција на општина Штип со нешто повеќе од шест милиони денари кои се одвоија, така и ќе продолжиме во наредниот период за да има модерни и урбани населби во нашиот град. “ – изјава Јорданов

Во следниот период ќе следи и темелна реконструкција во населбата Леваци по примерот со населбата Автокоманда, бидејќи во населбата евидента е застарената подзема инфраструктура која е потребно да биде обновена.

Лаура Стојанова, М-Нет