
Завршена првата фаза од реконструкција на надворешниот дел на зградата на Инфетивното одделение во Штип. Во преотот се предвидуваше поставување на енергетско ефикасна фасада, промена на прозори и врати и дел од надворешното осветлување, и истите се завршени. Прокетот е во меѓугранична соработка со Република Бугарија. Во меѓувреме директорот на болницата, доктор Ален Георгијев истакна дека ќе продолжат и со внатрешно уредување на Инфективниот оддел.
„Успеавме да ги фатиме некако роковите да ја завршиме оваа фаза со што зградата на Инфективниот оддел доби нов лик. Не застануваме овде, ќе аплицираме и на следните повици каде што треба да направиме реконструкција на внатрешноста на зградата со цел после одреден временски период комплетно ја санираме зградата“ – истакна Георгијев.
Истовремено при крај е проектот за поставување на современ протипожзарен апарат, со што кога ќе се вратат пациентите ќе има подобар амбиент за нив и подобри услови за работа за персоналот, додаде Георгијев.
Вкупната вредност на проектот е некаде околу 400 илјди евра, од кои повеќе од 200 илјади евра беа предвидени за делумна реконструкција на зградата на Инфективниот оддел во Штип.
Лаура Стојанова М-Нет