
Репрезентативката на Бугарија, Антонина Шопска е најново засилување за македонскиот прволигаш Каменица Саса, за новата сезона во Првата женска фудбалска лига.
23-годишната Шопска е повратник во редовите на Каменица Саса, откако за македонскиот тим настапуваше во период од август 2021 до февруари 2021 година, по што замина во бугарскиот тим Спортика, од каде се враќа одново во Каменица Саса.
Шопска беше дел од генерацијата на Саса која го освои Купот на Македонија и настапуваше во Лигата на шампионите против Јувентус и Бешикташ.
Саса добива квалитетно засилување со искусната бугарска репрезентативка која е одличен играч и од која се очекува многу погодоци и асистенции од крилните позиции.
Во својата кариера има настапувано и за екипата на Пирин од Благоевград.
Минатата сезона Каменица Саса заврши на второто место во Првата лига, а во Купот загуби во финалето од шампионот Љуботен, кој го освои и Купот на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет