ЖРК Металург Автокоманда ја продолжи соработката со неколку ракометарки, а промовираше и неколку нови засилувања!

Женскиот ракометен клуб Металург Автокоманда за новата сезона во Суперлигата ја продолжува соработката со неколку ракометарки, а притоа промовираше и неколку нови засилувања.

Левото криво Анастасија Николовска која има репрезентативно искуство е нова ракометарка на тимот од Автокоманда, беше промовирана и Ива Божиновска која игра како лев и средеn бек, потоа хрватскиот бек Петра Јершек, Ана Марија Коларовска, а тимот се засили и со младото крило Сара Ристовска.

Тимот предводен од Јулијана Дамчевска ја продолжи соработката со голманката Софи Гошевска, со бекот Марија Јанкуловска, со искусната Марија Гугуљанова, а беше продолжена соработката и со крилото Јана Ѓошевска, додека пак за следната сезона Металург Автокоманда се засили со младото десно крило Mина Ѓурчевска.

За новата сезона екипата на Металург Автокоманда ја продолжи соработката и со Александра Коловска, со што е задржана искусната репрезентативка на пивотменската позиција.

Тимот на Металург Автокоманда заврши на второто место во Суперлигата.

Александар Ванев, М-Нет