Есенски саем на мед, од 9 до 11 октомври на шеталиштето „Ванчо Прке“ во Штип

Од 9 до 11 октомври на шеталиштето „Ванчо Прќе“ во Штип ќе се одржи есенски саем на мед. На истиот ќе биде изложени мед, пчелни производи, како и опрема. Годинава интересот за пријавување е поголем споредбено со претходните години, и ќе има учесници од повеќе градови од Истокот.

„Тој ќе биде од 9 до 11 октомври, ќе имаме секакви пчелни производи изложено. Ќе имаме 11 иложувачи на мед и тројца изложувачи на опрема, од различни краеви од Источна Македонија. Пријавени се од Пробиштип, од Берово, од Кочани и Штип. Целта на овие саеми е да се афирмира природниот мед. Ние ќе се обидеме да ги едуцираме граѓаните за природниот мед, кои се бенифитите и дека природниот мед има вкус и мирис специфичен и дека се разликува од фабрикуваниот“ – вели Миловски.

Иако оваа година е задоволителна за пчеларите, сепак и понатаму главен предизвик е фабрикуваниот мед кој се нуди по продавниците и се продава и декларира како оргинален.

„Предизвиците со кој се соочуваат пчеларите се најповеќе фабрикуваниот мед што се увезува во Македонија. Но затоа и ние ги одржуваме овие саеми за да покажеме на купувачите дека треба да користат мед од вистински пчелари.“ – вели Манев.

Пчеларите велат има посебни методи со кои може да се препознае оргиналниот мед. Додаваат дека граѓаните треба да имаат матичен пчелар идентично како што имаат матичен лекар.

Медот на саемот за мед ќе се продава по цена од 500 денари.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет