Економската и финансиската криза се причини за да се работи втора работа, покрај помладите работат и повозрасните

Глобалната финансиска и економска криза денес се причини за да се работи дополнителна работа. Дали приватно или не, важно е да се излезе на крајот од месецот, велат граѓаните на Штип и додаваат дека ситуацијата покрај за повозрасните е тешка и за помладите.

“Нема што, ако имаш деца и ако треба да одат во школо или на факултет не стасуваат пари. Јас работев во прогрес со 35 години ме фати законот за во пензија, јас си знам, да не беше сестра ми да ми помогнеше да го запишев на факултет, така да денеска како што дојде времето тешко е, а најтешко е за младите“

“Можам да кажам да. Секогаш треба некоја паричка, може би го зголемува луксузот, храната, начинот на живеење и така натаму.

“Да, тие што знаат некој занает нешто, кој не, нема.

“Принудени, па дури и трета“

Покрај младата популација, принудени се понекогаш да работат и повозрасните, бидејќи месечните примања не се доволни за да се врзе крај со крај

“За тоа, не можам да кажам, ама за мене не можам да кажам дека пензијата не ми стигнува.

“Ако знае нешто да работе, ќе работе, ако не ќе седе дома. Јас по мене знам, работам и државно и приватно и знам“

“Па има доста, има ги и тие работи, меѓутоа не е злонамерно, тоа е добро за општеството да речеме не останува празно местото

Претежно помладите кои знаат некој од познатите странски јазици имаат поголема можност за дополнително он-лајн работа на компјутер, со што имаат дополнително повеќе приход, а со тоа имаат олеснување за да работат од дома. Предноста на овој начин на заработувачка е во тоа што самите тие одлучуваат колку часови ќе имаат дневно и за времето во кое ќе работат.

Лаура Стојанова М-Нет