
Со интонирање на македонската химна и со едно минутно молчење на сите присутни, денес во Чардаклија започна финалниот дел од Меморијалниот турнир во мал фудбал „Влатко Петров“. Ова беше 21 издание на овој традиционален турнир во спомен и чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили на Македонија Влатко Петров. Честа да играат на овој финален меч ја имаа екипите на Драгеви ДООЕЛ и на Спиро.
По пеколно жешко време актерите на теренот и покрај силната желба не успеаја да постигнат гол и натпреварот во регуларниот дел заврши со резултат 0:0. Во пенал рулетот подобри изведувачи на пеналите беа играчите на Драгеви ДООЕЛ и сосема заслужено го освоија победниичкиот пехар.
Во завршниот дел организаторите се заблагодарија на учеството на сите 8 екипи, на судиите Јоце Митев и Ален Коцевски и ги поделија наградите за најдобрите поединци и екипи. Единствена беше оценката дека турнирот мина во фер и коректна атмосфера и со надеж догодина, здравје, турнирот да мине во многу подобра атмосфера и со поголем број на екипи, коишто годинава поради пандемијата беа редуцирани.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk