Екипата на Драгеви ДООЕЛ е првиот финалист на Меморијалот „Влатко Петров“

Синоќа во Чардаклија се одржа првиот полуфинален натпревар на Меморијалниот турнир во Мал Фудбал „Влатко Петров“. Натпреварот Драгеви ДООЕЛ – Инфинити беше интересен,возбудлив и мошне ефикасен со дури 7 постигнати голови или заврши со резултат 4:3. Со оваа победа еккипата на Драгеви ДОЕЛ е првиот финалист на овој традиционален меморијален турнир. Вечерва на програмата со почеток во 18.45 ч. е вториот полуфинален меч во кој ќе се сретнат екипите на Тас Комерц – Спиро а веднаш потоа или поточно во 19.30 ч. ќе се одигра ревијален натпревар помеѓу екипите на МВР и на АРМ. Финалето на турнирот „Влатко Петров“ ќе се одигра во понеделник 2 август со поместен термин на почеток. Имено поради високите температури финалниот меч ќе започне во 9.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk