
Една горчлива семка е исто како едно апче во текот на денот. Вака одгледувачите на кајсија зборуваат за внатрешноста на овошјето односно семката. Ако е блага истата се јаде, но ако не се преработува и од неа се прави еврејска семка. Начинот на подготовка е специфицен односно, бара доста работа и време. Штипјани се сеќаваат на начинот на погдотовка на еврејски семки, но велат порано многу повеќе се правеле за разлика од денеска.
„Еврејска семка се прави само од семка која горчи, од блага кајсија не се прави еврејска семка. Дивата кајсија, ситната ептен таа е со горчлива семка. Тоа се врие во девет води и на крајот се додава сол и се суши“
Еврејските семки се апетисан кој има уникатен мирис и вкус, а во различни делови од државата се познати под различно име. Покрај уникатноста и тешкиот и понапорен начин на подготвување истите се доста здрави.
Лаура Стојанова М-Нет