
Евакуиран е и последниот станар во зградата во којашто вечерва изгореа два стана на улицата „Широк дол“ во Штип. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за М Нет телевизија вели дека излекувањето на последниот станар е извршено со помош на полицијата, бидејќи претходно не сакаше да излезе од својот дом. Пожарникарите и полицијата се уште се пред зградата. Пожарот е ликвидиран и излечени се сите станари, оваа ноќ нема да ја поминат во нивните домови, струјата е исклуена во зградата, а се чувствува и силна смрдеа од чадот. Крим полиција треба да изврши увид, со цел да се утврдат причините за пожарот, кој избувна во 18.35 часот. М Нет претходно информираше од лице место за евакуацијата на станарите, кои се сомневаат дека пожарот избувнал во еден од становите каде што немало струја, а станарката користела свеќи.