
Дури 84 првачиња запишани во ООУ „Димитар Влахов“ Штип, уписот за учебната 2025/2026 година продолжува и понатаму.
Според последните податоци од училиштето, во наредниот период се очекува бројот на новозапишани да порасне за уште околу дваесетина, пред сè од ученици што живеат во реонот на училиштето.
Уписниот процес се одвива согласно со законските процедури и предвидените рокови, при што училиштето останува отворено и подготвено да ги пречека сите деца кои треба да го започнат своето основно образование оваа година.
Од училиштето апелираат до родителите да го искористат последниот рок за упис, нагласувајќи ја важноста на навремено запишување за безпречен почеток на школската година.
Ова известување има за цел да ја информира јавноста и надлежните институции за текот на уписите и бројот на ученици во првото одделение.
За дополнителни информации, заинтересираните можат да се обратат директно во ООУ „Димитар Влахов“ Штип.
Иван Митев, М-Нет