Драма на трибината на „градски“ во Штип- Херојска и хумана интервенција на докторските тимови на Брегалница, на Каменица Саса и на Брзата помош

Се играше 68 минута од натпреварот на „градски“во Штип кога на нашиот монитор едната камера покажуваше лошо,неконтролирано движење кое од теренот се упати кон шареникавото небо. Камерманот кој беше во непосредна близина до мене неаднаш слизна и сосе камерата полека се струполи на поплочената трибина, едноставно наеднаш му се слоши. Веднаш сигнализираа сите колеги од техничкиот персонал кој го реализираше директниот пренос од натпреварот Брегалница – Каменица Саса, кон докторите на обете екипи. Траорната атмосфера се рашири а тоа го здогледа и главниот судија Александар Урошевиќ од Тетово кој веднаш го прекина натпреварот. Експресно,брзо реагира докторите Ѓеорги Стојчев и физиотерапевтот на Брегалница Влатко Китановски а заедно со нив кон трибината потрча и докторот на Каменица Саса, Драги Стојковски. Во исто време колата на Брза помош веднаш од атлетската патека се упати и достаса до главната трибина од кај интернатот. Сите доктори со свои методи му укажуваа помош на очигледно немоќниот камерман, и по укажаната прва помош и враќањето во нормала на камерманот, персоналот од брза помош ( ќе ни простат за нивните имиња, брза,експресна беше нивната реакција и не успеавме да ги контактираме) со носилка го презедоа камерманот и го однесоа во штипската клиничка болница. Во таква атмосфера се продолжи со професионален однос на преостантиот технички персонал кон гледачите и ТВ преносот нормално продолжи. По натпреварот наша екипа заедно со преостанатите камерманите се упати кон клиничката болница каде што на лице место се констатираше стабилната состојба на камерманот и по извршените сите задолжителни прегледи беше пуштен и сите заедно се упатија кон Скопје. Огромна благодарност од персоналот на Mnet телевизија кон сите хумани луѓе кои денес на дело го покажаа своето херојство спасувајќи човечки живот на своето работно место, место кое не бира ниту време миту невреме а се со цел во услови на памдемија и на празни трибини да се долови фудбалската слика кон почитуваните и ценети гледачи крај малите екрани….

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk