
Случајот со драмата во театарот во Штип добива кулминација. По вчерашните инциденти во кои со свој став излегоа и дитекторот и дел од актерите, денеска на прес конференција излегоа и од владејачката ВМРО ДПМНЕ. Тие упатија низа прашања до МВР, за да се разјасни оваа настаната ситуација.
„Извесно време од НУЦК „Ацо Шопов“, стигнуваат гласини дека во институцијата владее анархија, мобинг и нехумано изживување на директорот врз вработените. Со оглед на фактот дека во неколку наврати и полицијата е информирана за состојбата и однесувањето на директорот, пред јавноста би сакале да прашаме:
„Дали е вистина дека во МВР исчезнала службената белешка од вработена, која пред неколку недели го пријавила директорот за малтретирање?
Дали е вистина дека МВР не овозможиле да се направи алко тест за истиот тој директор, при последната разврска во полицијата?
Дали е вистина дека директорот бил тој, кој редовно ги напаѓал вработените?
Дали е вистина дека истиот е во нарушени односи со најголем дел од вработените?
Дали е вистина дека неговата состојба отишла до таму, што ја растурил спомен собата на великанот Ацо Шопов и ја претворил во канцеларија?
После ова, логично е прашањето: „Каков човек ја раководи НУЦК „Ацо Шопов“? “ – прашаа од ВМРО ДПМНЕ.
По ова од ВМРО ДПМНЕ ги повикаа Трудовиот инспекторат, внатрешната контрола на МВР, Јавното обвинителство, Синдикатот на културните работници и невладиниот сектор, да ги разгледаат лучаите со вработените во оваа установа и да го санкционираат Директорот за неговото несовесно однесување.
Директорот на Дом за култура Ацо Шопов Штип, пак во писмено соопштени истакна дека се оградува и ги демантира сите наведени искази истакнати на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ.
„Дали обврската на дел од вработените актери во установата за остварување на нивните работни цели и задачи значи и изживување и малтретирање со вработените? Нека одговорот на ова прашање најпрвин партијата која ги изнесува овие изјави детално го утврди, па дури отпосле ќе има право и можност да раководното лице во установата го обвинува и поставува вакви непотребни прашања. Воедно, го прашувам лицето Душко Иванов дали бил член на управен одбор при НУЦК Ацо Шопов во периодот од 2021 – 2016, да и објасни на јавноста каде се радијатори и што се случи со нив?“ – напиша Трајков.
Од СВР Штип истакнаа дека откако ќе пристигне барање до нив за прашањата тие ќе излезат со соодветен одговор.
Лаура Стојанова М-Нет