До 12 август продолжен рокот за пријавување за реонски попишувачи и инструктори

Продолжен рокот за пријавување за реонски попишувачи и инструктори. Со цел да го мотивира поголемиот дел од населението и да обезбеди доволен број кандидати, Државниот завод за статистика го продолжи рокот до 12 август.

„Значи, во врска со престојниот попис на населението и домакинствата, којшто треба да се одржи во септември месец, ги известуваме сите заинтересирани граѓани што се невработени дека конкурсот за пријавување е продолжен до 12 август 2021 година. Ги охрабруваме сите млади лица, сите невработени лица, да се пријават на престојниот конкурс. Конкурсот е објавен на огласната табла во Општина Штип, исто и во Агенцијата за вработување, во подрачното одделение кај нас. Значи, потребно е да се пријават на веб – страницата на Државниот завод за статистика, таму ги пополнуваат пријавите. Значи, не е потребно да ги праќаат документите по пошта во Скопје, туку може да ги достават на денот на самото тестирање“, изјави Виктор Вацев, член на пописната комисија.

Со продолжувањето на рокот се поместува и датумот на тестирањето, кое требаше да се врши утре. Сега истото ќе се одржи на 16, 17 и 18 август. Понатаму ќе следуваат и обуки за пријавените попишувачи, а пописот ќе се одвива со сите пропратни тековни активности.

Лаура Стојанова МНет