Дојранско Езеро минимално подобар на тестот со младинците на Вардар

Третолигашот Дојранско Езеро вчера одигра пријателски натпревар во рамки на подготовките за пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига против младинците на Вардар од Скопје.

Овој тест заврши со минимални 1:0 за екипата на Дојранско Езеро, а стрелец на единствениот гол беше Слободан Митков.

Дојранско Езеро есенскиот дел во Трета лига – Исток го заврши на 3. место со 14 бодови, а во пролетниот дел го отвара со гостување во Виница кај екипата на Слога која лани играше во Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет