
Дом на млади Штип се поблиску до изглед како што заслужува оваа институција. По реконструкцијата на кровот и промента на керамидите, оваа установа е со целосна промена и внатрешно, а се очекува да биде реконструирана и летната тераса со што Дом на млади Штип би била во полн сјај. В.д. директорот Кире Денов истакна дека е задоволен од сработеното во последните десет месеци, додавајќи дека корона пандемијта и времето на рестрикции е максимално искористено за преобразба на оваа институција.
„Освен реконструкција на кровот, во изминатите десетина месеци се направија доста инфраструктурни промени меѓу кои инсталација на парното, односно поставување на грејни тела во двете сали, поставување на клима уреди во малата сала, репарирање и лакирање на подот во малата сала, се промени санитаријата во тоалетите и сличо“ – вели Денов.
Променети се и плочките пред велзот кои според Денов биле приорите за промена, а подобрени се и техничките услови за работа.
Летната тераса во Дом на млади Штип е следниот проект кој треба да биде завршен за комплетно оваа институција да светне во вистински сјај.
Лаура Стојанова М-Нет