
Во вонреден термин вчера беа одиграни натпреварите од 10. коло на Првата одбојкарска лига на Македонија во машка конкуренција. Фаворитите според планот одиграа и во рамки на оваа десетта рунда.
Штип УГД со убедливи 3:0 во сетови славеше висока победа над Скопје, штипските одбојкари во првиот сет со 25:8 го декласираа гостинскиот тим, вториот сет заврши со 25:11, а во третиот сет Штип УГД како на тренинг сетот го доби со 25:7.
Македонија Џио на домашен терен немаше сили за Вардар откако загуби со 0:3 во сетови, додека пак Шкендија со 3:0 во сетови ја доби Јанта Волеј.
Екипата на Весна Пробиштип на домашен терен загуби од екипата на Борец, откако велешани беа подобри со 0:3 во сетови. Во првиот сет домаќинот се обиде да парира но сетот го загуби со 23:25. Во вториот сет велешани го декласираа домаќинот со 15:25, а исто беше и во третиот сет со 14:25.
Лирија на свој терен немаше сили за екипата на Универзитет Тетово која славеше со 0:3.
Во однос на табелата промени нема на врвот е Струмица, која има меч со Сушево за комплетирање на колото, Штип е втор, а пак Борец е на третото место.
Александар Ванев, М-Нет