Доделени 20 новогодишни пакетчиња на дечиња-пациенти при КБ Штип, целта е насмевка на нивните лица

Околу 20 дечиња пациенти на детското одделние при КБ Штип, денес добија новогдишни пакетчиња од страна на здружението на инвалиди на трудот во градот со цел да им се разубави престојот за време на празниците во болницата. Како што истакна примариус д-р Марина Гацова, со ова тие им ги честиаат божникните и новогодишните празници, како на дечињата, така и на персоналот од ова одделние.

,,Ние членките на активот на жени, здружението на инвалидите на трудот од Штип решивме со мали, скромни поклони барем за еден миг да им го разубавиме престојот на одделнието на дечињата. Да им посакаме среќни божикни и новогодишни празници, на нив, на нивните родители, а секако и на персоналнот на детското одделние. Ние донесовме 20 пакетчиња во договор со началникот на одделнието, бидејќи толку дечиња од прилика има на одделнието во овој период.“, рече Гацова

Длабока благодарност до здружението, посебно упатија од болницата. Како што истакнаа од таму, со овој гест ќе има многу насмеани деца.

Инаку, овој гест има за цел да создаде насмевка кај дечињата, да им се разубават празниците за време на нивното лекување и да им се доближи новогишната магија. Како што соопштуваат од болницата, ова ќе придонесе многу позитива во текот на лекувањето.

Иван Митев, М-Нет