Ќе се палат ли годинава коледарските огнови или штипските малаа остануваа празни ?

Ќе се палат ли годинава коледарските огнови или штипските маалата остануваат празни?

Ќе пеат ли старите коледарски песни или младите остнауваат неми пред традицијата?

Со приближувањето на Бадник, повторно се отвора дилемата дали ќе продолжи традицијата пред Бадник. Иако овие обичаи остануваат симбол на заедништво, сепак граѓаните се категорични се губат старите вредности. Тие се сомневаат дека вечерва ќе има оган, едно поради тоа што нема млади, друго затоа што технологијата го прави своето. Ќе надвладее или ќе исчезне традицијата?

Oд друга страна пак етнолозите од Штип велат симболиката на овие огнови значат крај на една година и започнување на новата година со желби за успех и беркит. И според нив коледарскиот оган ја претставува светлината на новата година.

Инаку, коледарските огнови во минатото се палеле секогаш на 5 јануари вечерта, а околу истиот се собирале сите соседи од маалата. Носеле зелник, колачиња, риба, лепче со паричка, а оној на кој што ја пронаога истата, станува кум односно организатор за следната година. Се пееле песни, се играле ора, а од рани зори најмладите оделе од куќа на куќа и го правеле обичајот коледе.

Иван Митев, М-Нет