
Доделени петте признанијата и орденот Св. Никола на свечената академија што се одржа вчеравечер во градската црква Св Никола во Штип. Истите завршија во рацете на истакнати личности и институции, кои во изминатата година придонеле за развој и афирмација на град Штип. Орденот кој постхумно се додели на познатиот Штипјанец и академик Јордан Поп-Јорданов, претставува гордост за неговата фамилија, иако тој не е помеѓу нив.
,,За мене и за мојот покое сопруг, за децата, за внуците, за правнуците што го добивме ова признание. И двајцата сме штипјани, врзани за Штип и мислам дека ова признание ќе му беше мило да беше жив. Голем човек беше, гоелм научник. Не беше голем верник, оти беше филозов и верата на друг начин ја прифакаше, ама дома ги почитувавме сите 10 Божји правила. Филозоф, атомски физичар, енергетичар, па го јас го уведов и во психологијата, бидејќи јас се занимавам со неуронаука.“, истакна Поп Јорданова
Признанијата пак 19 декември за останатите петмина, претставуваат поттик за да се продолжи со одговорна работа и посветеност. Велат посебно се горди што оваа година тие се добитници на овие признанија.
,,Ова е голема чест и признание за мојата досегашна работа и посветеност во целиот тој труд што сум го вложила во мојот работен век. Огромна одговорност бидејќи се работи секојдневно, таква динамична работа, мора да се делува во минута, да се одговри во задачата правилно. Навистина ми е чест што градот го препозна тоа и тоа е благодарност до сите што
,,Па ова е мотив за уште поголема ангажираност на хорот, веќе имаме најава за нови активности. Здравје нека е треба да одеме во февруари за Дубаи. Ќе има и други ангажирања , фестивали, еве сега во оваа прилика сакам да ги поканам сите љубители на музиката, ако може во сабота да дојдат во економски факултет, да дојдат на мегународен фестивал, каде учество ќе земат. Ова е веќе втора година како се одржува фестивалот.“, рече Лазаревски
Инаку, на настанот присуствуваа претставниците на локалната самоуправа, на Влада, како и многу граѓани, кои веднаш во вечерната богослужба го проследија истиот со големa почит и восхит.
Иван Митев, М-Нет