
Вечерва со почеток од 19 часот средното музичко училиште Сергеј Михајлов Штип ќе биде дел од културата на Кочани со целовечерен концерт во Домот на Културата Бели Мугри. На настанот ќе настапат учениците од училиштето, како и нивните професори, кој ќе направат одлична комбинација со популарните дела од 90 сетите па до денес. Директорот на училиштетот Горан Кавраков за М-Нет телевизија истака дека ваквата комбинација помеѓу учениците и професорите е со цел тие стекнат заедничко искуство и топло ги покани сите на присуствуваат на овој свечен настан.
“Станува збор за еден посебен настан, кој веќе година ипол како проект го работиме во Серѓеј Михајлов. Концерт на нашите ученици и професори. На самиот концерт изведуваат нашите популарни евигрини од 90 сетите па навака. Една интересна комбинација е тоа што ние како класично музичко училиште Сергеј Михајлов. Еве излеговме од овие граници со цел и нашите ученици, а и дел од професорите стекнат многу искуство. Ние имаме оркестри во училиштето како синфониски, дел од камерните оркестреи, меѓутоа овој оркестар кои заликува на еден биг бенд оркестар е исто ново за нашата публика. Минатата година имавме одличен концерт со истата програма во Штип, кои беше од донаторски каракатер, а еве денес со почеток од 19 часот во домот на културата Бели Мугри ќе ја имаме можноста и кочанчани да уживаат вечерва.“, истакна Кавраков
Покрај ваквиот настан, планирани се и многу други во текот до крајот на годината, а еден од поважните е новогодишниот концерт на училиштето, кој веќе има европски достигања, додава Кавраков
“Од аспект на концерти сите добро го знаете популарниот новогодишен концерт кој веќе достигна и едно ниво па можам да кажам европски концерт со начинот на кој што го организираме ние колегите“, додава Кавраков
Во согласност со ситуацијата, речи си 90 проценти од картите за концертот се продадени, а истата чини 200 денари. Инаку, вечерашниот концерт е со цел збогатување на програмата за музика во град Кочани, во која ќе можат покрај помладите, да уживаат и повозрасните.
Лаура Стојанова, М-Нет