Директорот Андов со демант: Киднапирана фотеља за популизам, притисок и злоупотреба

ФОТО: Телевизија М Нет

Директорот на ООУ “Никола Карев” – Кочани, Александар Андов излезе со демант на в.д градоначалникот, го пренесуваме во целост.

,,Киднапирана фотеља за популизам, притисок и злоупотреба.

Постојат инспекции, училишни одбори и надлежни органи. Но кога човек на привремена функција почнува да делува како измеќар на осуденици, да гради кариера на туѓа несреќа, тогаш почнува и да менува доректори на фб , па сега мора да го потсетам дека таа привремена моќ носи долгорочни последици

Ги повикувам надлежните институции – Антикорупциската комисија и Јавното обвинителство – да постапат по оваа очигледна злоупотреба.

Ова нема да се заборави. Ова нема да помине. Локалниот “политички измеќар” го повикувам ВАДНАШ да си даде оставка на времената функција на која нелегитимно е избран и да престане да ја злоупотребува функцијата!
Човек без ,,школо”да не се меша во школски работи!

Следат нови околности!” стои во демантот на директорот Александар Андов.