
Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш утре ќе го одигра првиот контролен меч преку кој штипскиот стратег Горан Здравков ќе има можност да провери како оди подигањето на формата.
Радовишани подигањето на формата ќе го проверуваат против струмичка Беласица, а контролниот натпревар ќе биде одигра на Градскиот стадион во Радовиш со почеток од 17:45 часот.
Детонит Плачковица досега се засили со неколку играчи меѓу кои Филип Димоски, Бранимир Иванов, Марио Аџиев, Зоран Андонов, Асан Рифадов, Махир Ајрули, Леонид Кофиловски, а беа приклучени и неколку млади играчи кон првиот тим. Дополнително, тимот ќе биде засилен со уште неколку играчи.
Новата сезона Детонит Плачковица ја отвара против Шкупи во гости.
Александар Ванев, М-Нет