
Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш мисли на својата иднина и прави реорганизација во младинските категории.
Бојан Коцев е назначен за нов координатор на младинските категории, кои ќе работи со негов тим од неколку тренери, а децата се ослободени од месечна членарина, а дополнително децата добиваат и бесплатно комплетна опрема.
Градскиот стадион во Радовиш доби и терен со вештачка трева, каде младинските категории ќе тренираат, а дополнително на располагање го имаат теренот во радовишката населба Раклиш, како и Градскиот стадион во Радовиш.
Детонит Плачковица сака да постави здрави темeли во младинските категории за во иднина и прави план и стратегија за долг период.
Детонит Плачковица ги подобрува условите, а тоа е повеќе од важно за развој на еден клуб.
Постои одлична соработка меѓу младинските погони и првиот тим каде шеф на стручен штаб е Иван Варадиновски, а тоа значи дека младите играчи добиваат шанса за деби и во првиот сениорски тим.
Интересот за фудбал во Радовиш е голем, а со првиот собир денес на Градски во Радовиш младинските категории започнуваат и официјално тренинзите за новата сезона.
Александар Ванев, М-Нет