
Со положување цвеќе и мемориален турнир во мал фудбал денеска се одбележаа десет години од смртта на Коце Петров и Ристе Шалев, затворски полицајци кои на трагичен начин ги загубиле своите животи. Нивните колеги од КПУ Затвор Штип, семејствата, со голема почит, го одбележаа денешниот ден сеќавајќи се трагично загинатите Петров и Шелев.
„На денешен ден пред десет години трагично загинаа нашите колеги Коце Петров и Ристе Шалев доаѓајќи на работа и извршувајќи ги своите работни задачи. Денешниот ден ќе го одбележиме со меморијален турнир во мал фудбал меѓу КПУ Идризово и КПУ Штип во чест на трагично починатите колеги. Ќе положиме и свежо цвеќе“ – вели Герасимов.
Дејан Герасимов и пред десет години бил на смена во затворот во Штип, ги чекал своите колеги, но за жал добил само тажна вест дека трагично загинале на пат кон своето работно место. Вели, затворот и денеска се сеќава на нив и нивните заложби на работните места.
„Тој ден ние бевме на смена од 7:30 до 19:30 часот, а околу 19:15 часот тие требаше да дојдат да не сменат. Околу 19: 35 се јави тогашниот командир на СВР Штип и не извести дека се случил трагичен настан покрај река Брегалница и двајцата наши колеги трагично загинале“ – вели Герасимов.
Ова е првпат да се одбележи овој ден, со тенденција секоја година да се оддава почит на трагично загинатите Коце Петров и Ристе Шалев. Се доделија и признанија и благодарници.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет