Дерби на Карбинци и Слога Виница за прва победа, во Делчево соочување на Брегалница и Каменица Саса

Карбинци и Слога Виница во меѓусебно соочување ќе ја бараат првата сезонска победа во Трета лига регион 3 во рамки на седмото коло.

Двете екипи и натаму немаат триумф, со тоа што домаќинот нема ниту освоено бодови, а гостинот има два бода на своето конто.

Во Делчево ќе се соочат Брегалница и ланскиот второлигаш Каменица Саса. Двете екипи со по седум бодови го делат седмото место на табелата, а трите бодови се повеќе од посакувана опција и за едните и за другите.

Малеш од Берово ќе гостува во Ново Село каде ќе игра против Огражден, во неизвесно соочување и на двете екипи за трите бодови, бидејќи домаќинот со три бода ќе продолжи да го држи врвот од табелата, а пак Малеш со три бода ќе продолжи да го напаѓа врвот.

Овче Поле ќе биде пред вистински предизвик, ќе гостува кај Дојранско Езеро, во уште еден меч каде гостинот од Свети Николе ќе мора до три бодови ако сака да остане на сериозен пат кон првото место бидејќи целта од почетокот е влез во Втора лига.

Хоризонт Турново на домашен терен ќе игра против Ударник, каде домашнит тим во подобра форма и пред домашната публика ќе се обиде да стигне до нов триумф.

Слободна ќе биде екипата на Победа Валандово.

Александар Ванев, М-Нет