
Во рамки на прокетот Штип без кал денеска се нанесе тампон и за асфалтирање се подготвија три улици во наелба Караорман. Градоначалникот Иван Јорданов истакна дека ќе продолжат градежните активности се додека дозволуваат временските услови и финансиските можности. Ќе се пристапи на асфалтирање и на улици кои имаат потреба од тоа во сите штипски населби.
„Во рамки на прокетот Штип без кал денеска сме во населба Караорман овде ќе се работи на три краци, на три улици ќе се врши нанесување на земјени наноси, на тампонирање и припрема за асфалтирање и верувам дека во наредните неколку денови ќе се нанесе и асфалтната маса со што овие краци ќе бидат асфалтирани. Жителите од оваа населба и од овие улици нема да газат во кал и прашина. Етапно ќе продолжиме се додека ни дозволат временски услови и финансиските можности и во останатите населби на територија на Општина Штип, овде мислам на населбите каде има улици кои не се асфалтирани, се со цел да ја подобриме инфрастуктурата за нашите сограѓани.“ – кажа Јорданов.

Вкупната вредност за оваа инвестиција е во износ од 1,5 милиони денари, пари од Буџетот на Општина Штип, односно пари на граѓаните. Вкупната површина која ќе биде асфалтирана, истампонирана претходно е околу илјада метри квадратни.
Лаура Стојанова М-Нет