Денес се реализираше свечена академија по повод денот на учителот во Општина Штип

По повод светскиот ден на учителот петти октомври, денес Општина Штип организираше свечена академија. Градоначалникот на Штип Иван Јорданов, истакна дека градот Штип од секогаш бил образован центар, бидејќи во него работеле и се образувале значајни учители и ученици, кои со своето постоење оставиле длабоки траги во нашата историја. Тој на сите наставници им го честита празникот додавајќи дека овој ден е еден од најзначајните кој го одбележува целиот свет.

“Ми претставува огромна чест и задоволство да ви се обратам пред вас , за да го одбележи еден од најзначајните денови копј го одбележува целиот свет, денот на учителот. Образованието како еден од клучните сегменти во општеството е секогаш од посебен интерес и во фокусот и вниманието на секој народ. Денес несомнено имаме причина да бидеме горди, бидејќи Штип од секогаш бил образован центар во кој со голем ентузијазам и желба за знаење. Значајни луѓе биле учители и ученици во овј град. Тоа биле величини кој со своето постоење оставиле длабоки и неизбришливи траги во историјата на македонскиот народ.

Она со што се соочуваат наставниците е сложна задача, која бара многу знаење, поседување на вештини, како и поседување на знаење за решавање на сите проблеми, па затоа неопходно е ангажирање на сите одговорни институции за да се постигне квалитет, додава Јорданов

Инаку, на настанот учествуваа наставници и професори од повеќето училишта, како и ученици кој со своите рецитали и песни ја збогатија програмата за одбележувањето на денешниот ден во самата општина.

Лаура Стојанова, М-Нет