
Денес се празнува Светиот Великомаченик Теодор Тирон. Празникот е уште спознат како Тодорова сабота, а се празнува во спомен чудото на св. Теодор Тирон на 50 години по неговата смрт. Непосредно пред почетокот на велигденскиот пост, византискиот цар Јулијан Отстапникот сакал да им напакости на христијаните и наредил храната што се продавала по пазарите да се испрска со крвта на жртвите што им се принесувале на римските идоли. Меѓутоа, св. Теодор Тирон на јаве му се појавил на цариградскиот патријарх и му кажал да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите, зашто таа ќе биде осквернавена со крв и наместо тоа, цела недела да јадат пченица со мед. Патријархот така постапил и христијанските верници отанале неиспоганети пред нивниот најголем празник. Во спомен на овој настан, првата сабота од велигденските пости е наречена Тодорова сабота. Граѓаните на овој ден прават пресни погачи, посни, а одозгора ставаат лук, орев и сол, кој се симбол за заштита од сатанските влијаниа. Св тедор го праазнуваат секаде ширум светот.
Иван Митев, М-Нет